Македонија домаќин на Глобалниот самит на жени лидери „GWLS 2017“
Над 40 еминентни жени лидери во улога на панелисти и преку 300 учесници од пет континенти, креатори на јавни политики, дипломати, претставници на корпоративната елита, новинарството,..., ќе бидат дел од Глобалниот самит на жени лидери (Global women leaders summit - GWLS 2017 ) што ќе се одржува денеска и утре во Скопје.
Самитот е фокусиран на актуелни теми од повеќе области, но на него ќе биде промовирана и Глобалната платформа на жени лидери од јавниот и приватниот сектор во која првпат се вклучуваат и жени лидери од Македонија.
Промоцијата ја организира Сојузот на стопански комори (ССК) во соработка со Здружението на бизнис жени и Светската бизнис организација Македонија.
- Глобалната платформа на жени лидери функционира во насока на размена на искуства, креирање јавни политики и хармонизација со глобалните трендови. Ги обединува светските жени лидери од пет континенти од различни области, политика, економија, дипломатија, претприемништво, новинарство. Целта на нашето учество е хармонизација на Македонија со глобалните трендови и прифаќање на можностите жена да биде лидер, на позиција како што е претседател на држава или влада, велат од ССК.
Идејата на Платформата е остварување меѓународен дијалог за унапредување на женското лидерство и креирање стратегиски политики за економски развој што подразбира и развој на кариера, глобално партнерство, како и трансфер на знаење и искуства.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци