„Македонија-Блокира“ го поддржува и ќе учествува на денешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ
Македонија-Блокира поддржува секакви протести против ненародната власт и затоа ќе учествува на денешниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред македонската Влада, се вели во соопштението на „Единствена Македонија“.
„Во овој момент мора да се тргнат настрана тесно-партиските интереси и сите национални и патриотски сили правилно да ги распоредат интересите што подразбира, на прво место националниот и државниот интерес, на второ место партискиот интерес, а дури некаде на трето место личниот интерес.
Ова зло што му се случува на Република Македонија е познато. Се вика пучистичка власт во Скопје која сака да сруши се што е македонско. Националните и патриотските сили имаат обврска тоа да не му го дозволат и затоа во периодот што следи треба единствени и сплотени да се бориме против уставните промени со кои се брише се што е македонско, а после на избори секој нека оди со своите определби оти простата вистина вели дека доколку се сруши државата сите ќе не затрупа во неа!
Сега е потребно обединување на македонски оти ова не битка за поединци, лидери или за власт, ова е битка за опстанок на цел еден народ, ова е битка за Македонија и Македонците.
Сите ние како Македонци имаме света должност, сплотени и единствени, да се бориме македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации, да се бориме да го одбраниме името, идентитетот, историја и традицијата на македонскиот народ. Оваа борба е света должност и затоа Македонија ќе победи. Оваа борба е исправна и оваа битка ќе биде решена со спречување на промена на Уставот, распуштање на Собранието и распишување избори со еден услов, а тоа е избори без Зоран Заев како премиер“, се додава во соопштението.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите