Македониај вработува – најмногу од вработените среднисти
По Скопје, полошкиот регион е лидер по вработување според проектот Македонија вработува. Анализата на податоците покажува дека од 3882 вработени заклучно со денеска, 717 се од Скопје, а околу 600 се од Полог. Во Тетово реализирани се 319, а во Гостивар 268 нови вработувања.
Следи Кочани со 257 нови вработувања, па Струмица со 254. Во оваа група спаѓа и Прилеп каде се се вработени 232 лица.
Најголем бенефит од прокетот имаат лицата со завршено средно образование. Дури 2254 се со средно, 935 од вработени се со завршено основно, а 576 луца се со завршен факлултет. Прокетот Македонија вработува обезбеди работа и за 50 магистри.
Бенефициите од проектот досега ги искористиле над 2600 фимри, а 2200 од нив се мали со помалку од 10 вработени. Заштедите за фирмите ќе изнесуваат од 2 до 10000 евра на годишно ниво.
Преку овој прокет Владата ги плаќа придонесите за вработување на лица од неколку категории. Работодавачите најголем интерес пројавиле за вработување лица до 35 години и за возрасни над 50 години.
Проценките се дека за една година Макеоднија вработува ќе донесе околу 20.000 нови вработувања
-

Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар
