„Мајсторот и Маргарита“ вечерва во МНТ

Театарската претстава „Мајсторот и Маргарита“ на авторот Михаил Булгаков, во режија на Иван Поповски ќе биде прикажана вечерва во Македонскиот народен театар, во рамки на Скопско лето 2016.
Мајсторот и Маргарита на Михаил Афанасјевич Булгаков е едно од најзначајните литературни остварувања на 20-тиот век. Во Русија за прв пат е објавен, и тоа со цензура во 1966 година, а во целина е објавен во Франкфурт во 1974 година.
Авторот луцидно ја води приказната за вечната љубов на Мајсторот и Маргарита, кои стигнуваат дури до адот во име на љубовта, преплетувајќи ја оваа љубовна приказна со безброј алузии на тогашниот општествен и политички амбиент. Ликот на Мајсторот кој длабоко е поврзан со самиот Булгаков, неразбран и отфрлен, игнориран од општеството, фрустиран до болка од одбивањето на делото од издавачот одлучува да го запали и да се ослободи од бремето што уметникот го носи со себе.
Мајсторот и Маргарита ги обединува најгорливите дилеми на првата половина на 20-тиот век и го поставува прашањето за позицијата на уметноста во еден крут, тоталитарен систем и позицијата на уметникот наспроти силите на Светлината, или оние на Темнината, а со тоа станува дело кое нуди бескрајно длабоки уметнички планови и алузии.
Ново на Сител
-

СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
-

Два часа пред трагедијата, полицијата не го уапсила сопругот бидејќи немало траги на насилство
-

Сè повеќе семејно насилство во Македонија
-

Есхумирана уште една жена, по судска наредба осомничениот сериски убиец испратен на психијатриско вештачење
-

Полицајците кои го контролирале „Пулс“, негираа вина
-

Официјална посета на Руте во земјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Како ќе се враќаат Македонците од Блискиот Исток?
