Мајкрософт ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија
Корпорацијата Мајкрософт денеска објави дека ќе укине 10.000 работни места како дел од подготовките за рецесија и со цел да заштеди 1,2 милијарди долари. Отпуштањето е многу поголемо од намалувањето на трошоците што Мајкрософт го направи минатата година, а акциите на компанијата паднаа за околу 1 отсто.
„Следниот голем бран во индустријата ќе биде развојот на вештачката интелигенција“, рече извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, додавајќи дека отпуштањата ќе погодат помалку од пет отсто од вработените во компанијата и дека Мајкрософт ќе продолжи да вработува на „стратешки“ позиции.
Мајкрософт ќе потроши околу милијарда долари за отпуштања, бидејќи отпуштените вработени кои имаат право да работат во САД ќе добијат здравствена заштита и права на акции за шест месеци.
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
