Свет
27. May 2016 - 10:14

Мајкрософт и Фејсбук ќе постават комуникациски кабел со рекордно голем капацитет во Атлантикот

Мајкрософт и Фејсбук вчера најавија заеднички проект за поставување на подводен кабел во Атлантскиот Океан, кој според двете технолошки компании ќе има рекордно голем капацитет за пренос на податоци, пренесе ДПА.

Кабелот со должина од 6.600 километри ќе се протега од северниот дел на Вирџинија до Билбао, Шпанија. Негов оператор ќе биде сестринската фирма на шпанскиот телеком „Телефоника", која ќе ги продава неискористените ресурси на други клиенти.

Кабелот „Маре" (бран на шпански) ќе содржи осум двојни фибер кабли.

Според телевизискиот канал Си-Ен-Ен максималната брзина за пренос на податоци на „Маре" ќе биде 160 терабајти во секунда.

Работите околу поставувањето на кабелот ќе почне во август и се очекува да заврши следната година.

Компанијата "Гугл" има инвестирано во слични проекти под вода низ Пацификот.