„Мајкросфот“ ќе се „крие“ во Германија од американското шпионирање
Една од водечките американски компании „Мајкрософт“ отвора нови центри за складирање на податоци во Германија, со цел да ги заштити дигиталните информации на европските клиенти од американско шпионирање.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, новите центри за складирање податоци ќе профункционираат во текот на 2016 година, а ќе бидат менаџирани од германски фирми.
За ваков начин на заштита на податоците сите клиенти ќе мора да плаќаат дополнителна сума.
- Новите центри за скалдирање податоци ќе обезбедат потрошувачите да ја користат сета моќ на „облаците“ на „Мајкрософт“ во Германија и да обезбедат дека за безбедноста на податоците ќе бидат одговрни германски компании, изјави денеска во Берлин првиот човек на „Мајкрософт“, Сатја Надела.
Најавата за ваквиот потег на „Мајкрософт“ доаѓа по судирот меѓу американските компании кои се активни на интернет и Администрацијата во Башингтон околку податоците на клиентите надвор од САД.
„Мајкрософт“ и „Гугл“ сакаат да ја задржат довербата од своите корисници со тоа што нивните податоци нема да станат достапни до полицијата и разузнавачките агенции што имаат пристап до нив.
Во моментов „Мајкрософт“ води судски процес со американските власти, кои бараат пристап до електронската пошта на корисниците, чии податоци се складираат во Ирска.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци