Мајкл Блумберг нема да се кандидира за претседател на САД

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг соопшти дека нема да се кандидира за претседател на САД.
Блумберг, кој подолго време ја разгледуваше можноста за негово вклучување во изборниот процес како независен кндидат, на својата интернет страница објави дека стравува оти неговата кандидатура би можела да им помогне на републиканците Доналд Трамп или Тед Круз да победат.
Сопственикот на „Блумберг Њуз Организејшн“ во соопштението изразува загриженост за „неконвенционалната и бунтовничка“ кампања што досега ја водат републиканецот Трамп и демократскиот претендент Берни Сандерс.
Тој смета дека неговото вклучување во изборната трка би предизвикало расцеп во гласачкото тело, па доколку нема јасен победник од изјаснувањето на гласачите, тогаш би се создала ситуација, Конгресот на САД, да избере претседател.
- Не сакам да преземам ризик, мојата кандидатура да доведе до изборот на Трамп или на Круз, вели Блумберг.
Тој ја осуди кампањата на милијардерот од Њујорк, но смета дека и сенаторот од Тексас, Круз ја дели истата екстремистичка позиција како и Трамп, само што неговата реторика е помалку бомбастична.
Мајкл Блумберг е формално републиканец, но тој не ги дели позициите на партијата во врска со социјалните прашања, контролата на оружјето и геј браковите.
Блумберг е против и „демократското левичарење“ на сенаторот од Вермонт, Сандерс и заговара позиција блиска до политичкиот центар.
Тој трипати по ред беше избиран за градоначалник на Њујорк, од 2002 до 2013 година.
Ново на Сител
-

Зеленски: Се надевам дека разговорите ќе донесат мир што е можно побрзо
-

Путин и Трамп не ја поддржуваат европско-украинската идеја за привремено примирје, соопшти претставник на Кремљ
-

Вардар предложи јужната трибина да го добие името Васил Рингов
-

Реакција на ЗНАМ
-

Трамп изјави дека имал „многу продуктивен“ телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски
-

Граничниот премин Евзони од пладне затворен за сообраќај
-

Трамп и Зеленски по средбата ќе имаат телефонски разговор со европските лидери, соопшти портпаролот на украинскиот претседател
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
