Мајката тврди дека со двегодишното дете гледале огномет, слушнала звук по што видела крв на неговата глава

МВР денеска соопшти детали за случајот со починатото двегодишно дете што беше повредено во главата од заталкан куршум за време на новогодишната ноќ.
На 01.01.2026 година веднаш после полноќ во 00:58 часот е пријавено дека во Клиничкиот центар „Мајка Теереза“ во многу тешка состојба и со стран предмет во главата е донесено двегодишно дете од Скопје, информираат оттаму.
Полициски службеници веднаш по пријавата извршиле службен разговор со мајката на детето.
„Мајката Г.Д. (21) изјави дека на 31.12.2025 година пред полноќ излегла со детето пред дворот од куќата во скопска Гази Баба. Гледајќи огномет, слушнала звук, по што забележала крв од главата на детето“, се вели во полицискиот извештај за случајот.
Во полициска станица е извршен службен разговор и со таткото на детето М.А. (26).
Утрово во 01:58 часот, како што информираат од полицијата, детето починало, а лекар констатирал смрт.
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
