Мајката на едно од убиените момчиња прочита транскрипт од разговор
Иако денешното рочиште за Монструм ќе се одложи бидејќи во судот не се појави обвинетиот Фејзи Азири, збор во судницата побараа мајката и таткото на убиениот Александар Накевски.
Мајката на Александар, Зорица Накевска побара од судот и од обвинителството да ја утврдат вистината, пренесе Фокус.
– Судот и обвинителството да ги утврдат улогите на обвинетите, дали се извршители или помагачи. Бараме и да се декодираат броевите кои во пресудата се заведени како државна тајна, а се на функционери од ДУИ, рече Накевска.
Мајката на Александар прочита и транскрипт од разговор кој наводно се водел помеѓу обвинетиот Азири и едно од непознатите лица:
„Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзав рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да не се израдувам да не не го довршив тој никаквец“.
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите