Мајка храброст: Го даде животот за своето дете, скокна врз Јелена за да ја заштити од експлозијата
Идентификувани се повредените и загинатите во текот на вчерашниот ерористички напад во Санкт Петербург, а според најновите информациите билансот е 14 загинати и 51 лице повредено.
Меѓу загинатите е и Ирина Медиантсева (50), позната руска производителка на кукли, која со своето тело го заштитила животот на својата ќерка Јелена (29) така што се фрлила врз неа во моментот на експлозијата и ги примила смртоносните удари од гелерите и детонациите.
Јелена моментално се наоѓа во болница откако синоќа имаше мала операција и се наоѓа на интензивна нега и надвор од животна опасност. Меѓу загинатите е и Дилбера Алиева (20) од Азербејџан, која почина во болница.

Максим Аришев (22) од Казахстан исто така загина во експлозијата во метрото во Санкт Петербург. Тој инаку е редовен посетител на овој град бидејќи неговата девојка живее во Русија.
Меѓу оние кое за влакно ја одбегнаа смртта е и психологот Надежда Соседова (53) која за Дејли Мејл објасни како изгледал нападот.

- Се се случи наеднаш, седев и дремев кога одеднаш се слушна страотна бука и нешто ме удри во глава. Оган имаше насекаде, косата ми гореше и едвај излегов на време од возот, така што едно момче ме извлече низ прозорец, рече таа.
Животот инаку го загубија и Александра Зјаблитскаја (15) од Сибир, Јури Налимов (71) и Ксенија Миљукова (18).
Ново на Сител
-
Претседател на Антикорупциска ќе се избира после локалните избори
-
Мицкоски: Се прават натчовечки напори да се стави под контрола пожарот во ловиштето Јасен
-
Европа гори: Загинати, повредени и масовни евакуации
-
Нова формула за финансирање на основното и средното образование
-
Одблокиран процесот за лиценци кои се неопходни за работа во градинка
-
Онколошки амбулантски терапии ќе се аплицираат во Штипска Клиничка
-
Еразмус плус тема за партиски препукувања
-
Трето издание на „Ohrid Water Festival“