Мајк Пенс го предупреди Ким Џонг-ун да не се обидува да го изигра Трамп

Потпретседателот на САД Мајк Пенс го предупреди севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да не се обидува да го „изигра“ американскиот претседател Доналд Трамп, ако двајцата се сретнат на планираната средба на 12 јуни. Пенс тоа го изјави во интервју за телевизијата „Фокс".
- За Ким Џонг-ун ќе биде голема грешка ако мисли дека може да изигра Доналд Трамп, вели Пенс.
Во САД постојат стравувања дека средбата може да се покаже како срамен неуспех за Трамп, ако тој не успее да ја натера Северна Кореја да го прекине своето нуклеарно вооружување.
Пенс додава дека е „несомнено" оти Трамп е подготвен да се повлече од средбата, која според плановите треба да се одржи во Сингапур.
Не мислам дека претседателот Трамп размислува за Пи-ар, тој мисли на мирот, додава потпретседателот.
Северна Кореја минатата недела соопшти дека ќе се откаже од средбата, ако САД се залагаат за нејзина безусловна целосна денуклеаризација.
За Трамп, кој е убеден во своите можности да склулчува големи зделки, се тврди дека ги прашал советниците и сојузниците дали, сепак, да учествува на самитот имајќи ја предвид промената на тонот на Пјонгјанг.
Се очекува Трамп да се сретне со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, кој во текот на денот ќе ја посети Белата куќа.
Ново на Сител
-

На Попова Шапка изутринава минус еден степен, во Гевгелија 8
-

АХВ лани спровела над 125 илјади контроли, изречени парични казни од 618 илјади евра
-

Мелони запрепастена од изјавите на Трамп за војниците на НАТО во Авганистан, бара „почитување на улогата на сојузниците“
-

Состојба на патишта
-

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески
-

СЗО жали за повлекувањето на САД
-

ЕУ и Советот на Европа договорија создавање тим за формирање на Специјален суд за агресијата врз Украина
-

Облачно време со повремен дожд, слаб снег на повисоките планини
