Магнус девојката Мери Акиевска ги собра сите пехари
Нa Светското првенство во Санта Сузана - Шпанија од 03 до 08 ноември Мери Акиевска od Магнус центарот за фитнес и боречки спортови освои Светски Јуниорски Велнес Шампион и е апсолутен Шампион во јуниори!!! И светски сениорски велнес Шампион и апсолутен Шампион во сениори. Се што можеше да се освои освои.

Претседателот на Боди Билдинг Фитнес Федерацијата на Македонија, Бобан Ѓороски изјави дека ова е 75-тото Светско првенство во бодибилдинг и фитнес, за мажи-жени, јуниори и сениори.

Македонија на ова Светско првенство настапи со јуниорите, Мери Акиевска и Петар Богдановски, членови на Магнус Фитнес клубот од Скопје, предводени од Претседателот на федерацијата, кој имаше улога на официјален судија, делегат и тренер.

На натпреварот учествуваа 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи.

Во силна конкуренција, Мери Акиевска постигна неверојатен успех, победувајки во својата категорија до 163 цм висина кај јуниорите и сениорите, но успеа да стане и апсолутен победник и во двете категории, победувајки ги шампионите од другите висински категории. Другиот наш преставник Петар Богдановски кој настапи во категоријата бодибилдинг јуниори над 75 кг не успеа да се пласира во финалето.
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
