Македонија
8. February 2019 - 19:42

Магла на Попова Шапка, видливоста намалена од 80 до 100 метри

Намалена видливост од 80 до 100 метри поради магла вечерва има на Попова Шапка, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.