Магла на планинските превои Стража и Плетвар, патниот правец Бунец - Маврови Анови и во Крушево

Поради појава на магла, има намалена видливост од 60 до 70 метри на планинскиот превој Стража, до 50 метри на планинскиот превој Плетвар, од 15 до 20 метри во Крушево и до 20 метри на патниот правец Бунец - Маврови Анови, информираат од Јавното претпријатие „Македонијапат“.
Сообраќајот на државните патишта, додаваат, се одвивал непречено, по претежно влажни коловози. На одредени патни правци што поминуваат низ усеци и клисури можна била појава на поситни одрони.
Од претпријатието апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
- Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. Сите подетални информации, учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на дежурниот телефон 02 25 61 502, појаснуваат од претпријатието.
МИА
Ново на Сител
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
