Маѓар: Унгарија сака уште повеќе инвестиции во Македонија

Унгарија сака што повеќе нејзини компании да инвестираат во Македонија, а за тоа, освен економска, има и солидна политичка основа, истакна денеска државниот секретар за економска дипломатија во унгарското Министерство за надворешни работи Левент Маѓар по деловната средба во Сојузот на стопанските комори (ССК).
Според него, за интензивирање на бизнис соработката и за унапредување на трговијата како дел од клучните заложби меѓу двете земји, до крајот на годинава е предвидено воведување директна авиолинија Скопје - Будимпешта.
Маѓар го најави и претстојниот македонско-унгарски бизнис форум, закажан за декември.
- Македонија и Унгарија се многу блиски на политички и економски план. Унгарија не само што е петта по големина во однос на странските вложувања во Македонија, со тенденција инвестициите да се зголемат, туку е и голем поддржувач на македонските евроатлантски интергаци, нагласи Маѓар.
Воведувањето директна авиоврска, додаде, позитивно ќе се одрази врз бизнис релациите, но и врз поттикнувањето на туризмот.
- Сакаме да ги олесниме Б2Б средбите од двете страни, да видиме што повеќе унгарски инвестиции во Македонија, а од друга страна и повеќе унгарски производи и технологија на македонскиот пазар, како и поголемо присуство на ваши компании во Унгарија, посочи државниот секретар.
На претстојниот форум во декември Маѓар очекува да присуствуваат стотина македонски компании и да се склучат голем број бизнис договори.
- Не очекува голем бизнис форум на кој ќе имаме можност македонските компании да ги споиме со унгарските кои имаат желба и интерес не само за заеднички настап, туку и за интензивирање на деловната соработка и зголемување на трговијата меѓу двете држави, изјави претседателката на ССК Данела Арсовска.
Како што беше оценето на денешната средба, потенцијалите за унапредување на македонско-унгарските економски односи се големи, особено во туризмот, земјоделството, енергетиката и инфраструктурните проекти. На состанокот беше поддржана и иницијативата на ССК за потпишување меморандум за соработка со водечки стопански комори во Унгарија за зголемување на соработката.
Вкупната трговска размена меѓу Македонија и Унгарија во перидоот 2012 - 2015 до мај се движи од 62 до 102 милиона американски долари, со тенденција на пораст.
Ново на Сител
-

Уапсен дилер на дрога од Бучим, при преглед на возило пронајдени 14.440 евра
-

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид - Кичево
-

Уапсени две лица од Битола и Прилеп поради предизвикување пожари
-

Градот на солидарноста ги мами погледите на странските туристи
-

Трамп: Ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на САД
-

Техеран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД, изјави Арагчи
-

Земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, најмалку 20 загинати
-

Сончево со услови за локален пороен дожд и грмежи
