-->
-->
Магазинот „People" ја избра најубавата жена на светот
-->
Четириесет и седум годишната актерка Џенифер Анистон беше прогласена за најубавата жена во светот за 2016 година, од страна на магазинот „People“.
Ѕвездата на „Friends“ серијата вели дека била шокирана и многу поласкана кога слушнала дека ја добила овогодинешната титула на магазинот.
Во интервјуто за списанието, Анистон вели дека со тек на годините се научила да го прифати својот изглед и дека најдобро се чувствува кога е здрава и силна. За нејзиниот начин на живот и исхрана, вели дека е променет од кога имала 20 и нешто години.
„Смешна е некако таа брза транзиција од фазата кога не ти гајле, до одеднаш да мора да внимаваш што внесуваш во телото. Сега повеќе спиеме и се грижиме за себе. Во 20-тите можевме да се извлечеме со многу работи“, додава актерката.
За Анистон, најголемата среќа во нејзиниот живот е сопругот Џастин Теро, за кого вели дека е неверојатно интересен смешен и добар човек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата