Магарето го хранел со леб, му ги затварал очите, а потоа го силувал
Маж од Арказас е обвинет за злоставување, откако полицијата пронашла снимка од надзорни камери на која се гледа дека повеќе пати имал секс со магаре, пренесува Дејли Меил.
Еверет Комтон (49) е уапсен откако Емерт и Џојс Витакер повикале полиција за да пријават странец кој на нивниот имот имал секс со едно женско магаре.
Кога полицијата го прашала што правел во тој имот во текот на ноќта, осомничениот изјавил дека бил на прошетка и одлучил да го нахрани магарето со моркови. Полицијата тогаш го известила дека во имотот постојат камери и дека и тој ќе ги прегледа снимките.
Тој признал дека имал секс со магаре и дека тоа го направил додека бил под дејтво на марихуана, која според неговите зборови го терала да прави „болесни работи“.
Витакерови неодамна инсталирале камери за својот имот затоа што приметиле дека некој доаѓа во нивниот посед и малтретира животните во предходните три години. Во три одвоени прилики камерите снимиле човек кој ги хранел магарињата со леб, а потоа им ги покривал очите па ги силувал, пренесува 4029tv.com.
Осомничениот изјавил пред полицијата дека ке побара стручна помош ако не биде кривично гонет, но тоа полицијата не го прифатила.
Тој бил одведен во затвор, а против него е покренато обвинение.
Ново на Сител
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот