-->
-->
Мафијата не спие, нов обид за местење!
-->

Местењето на резултатите и натаму останува рак рана на сите спортови. Посебно опасно дејствува обложувачката мафија која не бира средства и начин да дојде до заработка.
Последниот обид кој е пријавен се случи пред Вимблдон на турнирот во Нотингем каде на Австралискиот тенисер Сем Грот му биле нудени пари да намести меч и да го загуби.
„Ми понудија многу пари, но тоа за мене не беше предизвик бидејќи долго сум во оваа игра и ја почитувам и не би сакал да фрлам се во вода поради брза и голема заработка“ изјави Грот кој сепак се сомнева дека има тенисери кои не ги интересира настапот на Грен Слем или не гледаат перспектива во овој спорт и затоа се примамени од вакви понуди според него.
На Австралиецот понудата му стигнала преку социјалните мрежи но тој веднаш пријавил кај надлежните на турнирот.
Грот во Нотингем стигна до полуфиналето каде загуби од 4. носител Томас Фабијан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
-

150 години од искрата што ја разбуди Македонија
-

Реакции и барање одговорност по протестот на албанските студенти
-

Поранешни судии, адвокат и нотар во трка за место во Судскиот совет
-

Депонијата во Радовиш гори петти ден, општината со препораки до граѓаните
