Мадуро: Венецуела е жртва на „меѓународна саботажа“
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро ги обвини странските сили за сегашната тешка ситуација во земјата и за хаосот што настана по одлуката на Владата во Каракас, набрзина, да се повлече од оптек најупотребуваната банкнота од 100 боливари.
- Земјата е жртва на меѓународна саботажам изјави Мадуро во телевизиското обраќање.
Според неговото објаснување „саботажата“ во која се вклучени „странски сили“ попречувала новите пари да пристигнат на време.
Тоа било причината што, во изминатите денови, Венецуела се соочи со економски хаос, а населението беше приморано, со денови да чека пред банките, за да ги замени старите пари со нови.
Илјадници продавници низ земјата затворија, затоа што останале без готовина, а луѓето не можеле да купуваат храна бидејќи продавниците не работеле.
Претседателот Мадуро нареди рокот за замена на парите, наместо како што беше првично предвидено, да се изведе во неколку денови, сега да се пролонгира до 2. јанауари.
Ваквиот негов потег се смета за неочекуван и изнуден, затоа што набљудувачите во Каракас проценуваат дека постоела реална закана од избувнување немири.
Владата на Мадуро одлучи да ги замени банкнотите од 100 боливари, за монети со иста вредност, за да биде „совладана мафијата“ која ја уништувала домашната економија, но пред се, да се запре изнесувањето на домашната валута во странство.
Таквата одлука Мадуро сега ја оправдува со „економската војна“, што според неговото толкување, била започната за да се собори Владата.
Опозицијата, меѓутоа, тврди дека вината за тешката криза е во „неспособноста“ на Владата и во погрешната социјалистичка економија, по примерот на кубанската.
Опозицијата обвинува дека претседателот ги троши парите за својата популистичка политка во обидот да ја задржи поддршката од најсиромашните слоеви од венецуелското општество.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста