Свет
18. September 2017 - 9:24

Мадуро: Кога се гледам во огледало забележувам сличности со Сталин

Претседателот на Венецуела смета дека меѓу него и Јосиф Сталин има сличности. Во телевизиско обраќање Николас Мадуро рече дека кога се гледа во огледало, забележува сличности меѓу себе и Сталин.

– Во светот има луѓе кои ме сметат за карипски Сталин. И јас навистина наликувам на него. Погледнете ме во профил, нагласи тој.

Мадуро додаде дека голем број од светските лидери употребуваат многу пожестоки методи во споредба со него.

– Премиерот на Шпанија Маријано Рахој испрати во Каталонија полиција да уапси 700 градоначалници. Дејствува ли тој како диктатор? Мадуро кој и дозволи на опозицијата да спроведе референдум или Рахој кој не дозволува Каталонија да организира референдум за независност, запраша венецуелскиот претседател.