-->
-->
Mадридското дерби меѓу Реал и Атлетико без победник
-->
Големото шпанско фудбалско дерби меѓу мадридските ривали Реал и Атлетико заврши без победник.
Средбата од 31.коло на шпанската Примера, одиграна попладнево на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид во која Реал беше домаќин на Атлетико заврши со резултат 1-1.
Домаќините поведоа со голот на Пепе во 52.минута, а Атлетико израмни преку Антоан Гризман на пет минути пред крајот (85).
Овој исход најмногу и одговара на Барселона која вечерва гостува кај Малага па со евентуален триумф каталонскиот клуб би се израмнил со „лутиот„ ривал Реал на првото место на табелата.
Инаку, и првиот денешен меч меѓу Еспањол и Алавез заврши со резултат 1-1. Покрај средбата Малага – Барселона, вечерва ќе играат Севиља и Депортиво Ла Коруња.
Двојките за утре се: Гранада – Валенсија, Селта Виго – Еибар, Осасуна – Леганес и Лас Палмас – Бетис.
Последниот меч од оваа рунда во Примера е во понеделник кога ќе играат Сосиедад - Спортинг Хихон.
Табела: Реал Мадрид 72 бодови (-1 натпревар помалку), Барселона 69, Атлетико Мадрид 62, Севиља 58, Виљареал 54, Атлетик Билбао 50, Сосиедад 49,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ
-
Вработените ќе паркираат на „Лимак“ за да се ослободат повеќе паркинг места на клинички
-
Недостигаат анестезиолози и медицински сестри
-
Пуштен во употреба реконструираниот пат Понов мост - Богданци од 4,8 км