„Made in Macedonia“ - концерт на Филхармонијата со кларинетистот Здравко Ангелов
„Made in Macedonia“ е насловот на претстојниот концерт на Македонската филхармонија в четврток, на кој солист ќе биде Здравко Ангелов, прв кларинетист во Филхармонијата. Тој ќе го изведе Концертот за кларинет и оркестар бр. 1 од Лудвиг Шпор.
Диригент ќе биде Борјан Цанев, а на програмата се и „Лет“ од австралискиот композитор со македонско потекло Мајкл Бакрнчев, како и познатата Симфонија бр. 41 „Јупитер“ од Моцарт.
Здравко Ангелов (1978) е 11 години вработен како прв кларинетист во оркестарот на Филхармонија. Дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка уметност. Во неговото работно искуство се вбројува и педагошката работа во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј’ и двегодишното искуство како надворешен соработник во Македонската опера и балет.
Настапувал како солист со симфониски оркестри во Македонија и надвор од земјата, но и како камерен музичар, а воедно е постојан член и на Камерниот ансамбл „Консонанс“.
Ново на Сител
-
Шарпланинецот Љубо од одгледувачницата на прилепското семејство Каравилоски стана светски шампион
-
Преглед на вестите од светот
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица