ЛУЗНИ
Кога борбата за спас на еден живот ќе ги избрише границите меѓу доброто и злото, а љубовта ќе биде ставена на најтешкиот испит, ќе се отворат старите рани и ќе се создадат нови лузни што засекогаш ќе останат врежани во душата, претворајќи ја довербата во сомнеж, а љубовта во омраза.
Алаџа е млада и невина девојка која живее скромен живот со своето семејство. Нејзината најголема среќа е љубовта кон докторот Кенан и сонот за заедничка иднина. Но, кога тајните од минатото ќе испливаат на површина, Алаџа ќе се соочи со вистина што ќе ѝ го промени животот. Родена од тајна врска помеѓу нејзината мајка Емел и моќниот богаташ Баки, Алаџа станува единствената надеж за спас на болната и законска ќерка на господинот Баки, која се бори за живот. За да ја спаси својата ќерка, Баки наредува Алаџа да биде киднапирана и насилно да ѝ биде одземен бубрег. Со тоа, органот ќе биде пресаден во телото на неговата законска ќерка и таа ќе биде спасена.
За Алаџа ќе остане само болната лузна што ѝ го промени секојдневието и потрагата по одговори и вистини. Предавството е уште поболно кога девојката открива дека и Кенан, љубовта на нејзиниот живот, бил дел од трагичните настани и самото киднапирање. Траумата што ја доживува остава длабоки лузни не само на нејзиното тело, туку и во нејзината душа. А токму тие лузни ќе ја раскажат приказната за болката, предавството и силата да се продолжи понатаму.
Ново на Сител
-

Нов смртен случај од западнонилска треска, вкупно седум
-

Македонското оро на светската сцена во Бразил: „Студио Фолклор“ во битка за најдобрите
-

Имаат само 16 и 17 години, а покажаа голема хуманост: Лука и Дони израдуваа првачиња во Бутел
-

Проневерени над 2,2 милиони евра преку регистрација на возила, МВР со детали за акцијата
-

Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
-

„МЖ Транспорт“: Вчерашниот привремен прекин во сообраќањето на градскиот воз во Скопје беше поради невремето
-

Трагедија на патот Охрид-Кичево: Удрил во глутница кучиња, автомобилот се запалил – возачот загина
-

Легендарната Лада Нива не се предава: Новиот модел пристигна во продажба за околу 12.000 евра
