Македонија
14. August 2015 - 16:42
Лутата охридска манџа на баба го направи светски шампион
Стефан Кан кој по потекло е од Охрид а долги години живее во Германија, Македонија ја направи светски шампион во издржливост во Берлин и тоа не било каква туку во јадење на луто.
За да ја освои титулата Кан вели дека денот секојдневно му започнува со чили, уште од мали нозе на домашната трпеза постојано имало лути јадења така што тоа е тренингот на издржливоста.
Натпреварувачите јаделе сос од кари започнувајќи со 10.000 Сковили (единица мерка за мерење лутина на пиперки), а завршиле со 7,7 милиони Сковили кој е, всушност, резултатот на победникот.
Стефан Кан кој ја претставувал Македонија пред десетина месеци триумфирал како светски шампион во јадење чили. На натпреварот во Берлин учествувале 15 храбри натпреварувачи од 9 земји.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
