Македонија
15. August 2015 - 19:45
Лускузни јахти и глисери плови крстарат по Охридското езеро
Џет сетерите од државава и туристите од Србија,Германија,Холандија и од останатите западни земји со луксузни јахти и глисери одмараат во водите на Охридското езеро. Тие за своите пловила вредни илјадници евра поседуваат пловидбена дозвола од матичната земја пријавувајќи ги во охридската капетанија . Станува збор за современи еколошки, по последна мода направени пловила донесени од Италија ,Америка и Турција.
И оваа сезона доста примамлива за туристите е бродска линија Охрид –Поградец а секако и забавите па дури и свадбите на некои од бродовите .
Инаку во Македонија во моментов се регистрирани 1530 пловни објекти од кои 500 на Охридското езеро од нив 30 се на странски државјани но нивниот број постојано се зголемува .
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
