Живот
26. October 2016 - 17:55

Луксузен чипс: Пет парчиња чинат 3100 денари

Шведската пивара St Erik пуштила во продажба нов производ, а станува збор за најскапиот чипс на светот, пренесува Дејли Меил. Имено, само една кутија од тоj чипс во кој добивате пет парчиња чини 45,68 фунти ( скоро 3100 денари).

Kако што сметале дека на пазарот ништо не е доволно добро за грицкање со нивното пиво, одлучиле да го креираат овој чипс.

Тој е посебен затоа што содржи пет состојки и тоа печурки Мацутаке од шумите на северна Норвешка, морска трева од Фарските Острови, копар од шведскиот остров Бјаре, лук од Лександа и светло пиво.

Очигледно дека кутијата со чипс не е наменета за оние кои се многу гладни затоа што содржи само пет парчиња, а интересно е тоа што првите 100 кутии веднаш се распродадени.