Лукашенко предлага лесно вооружени патроли низ градовите во Белорусија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ги повика агенциите за спроведување на законот да организираат патроли вооружени со лесно оружје на улиците на белоруските градови за да се осигури безбедноста на луѓето.
– Луѓето треба да се чувствуваат безбедно дома, на работа, на улица, во секое време од денот, посочи Лукашенко во видеото од состанокот со највисоките безбедносни агенции во земјата, објавено на државната веб-страницата „Пул Первава“.
Лукашенко наведе дека иако стапката на криминал во Белорусија се намалува, земјата е изложена на ризик од злосторства од „екстремистичка природа“.
Денес, ова е најважниот аспект на одржувањето на законот и редот – потиснување на дејствијата на бандитите и спречување на загуба на души кои сè уште целосно не разбираат како странските куратори ги таргетираат. Ги предупредувам Министерството за внатрешни работи, КГБ, специјалните служби, сите, обвинителството – сите: мораме да ја преземеме контролата над ова. Нашите патроли мора да бидат на улиците … Патролите мора да бидат вооружени со мало оружје, барем пиштоли, посочи Лукашенко.
Ново на Сител
-

Утре надзорна расправа за Алта банка во Собрание
-

Почна расправата за Законот за јавни набавки
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Над 30 члена брои листата поканети говорници на надзорната комисија за Алта банка
-

Изгласан вториот ребаланс на буџетот
-

Трамп ја номинира адвокатката Кристи Меккормик за нова амбасадорка во Македонија
-

Нацрт-верзиите на Кривичниот Законик и Законот за кривична постапка отпатуваа за Брисел
-

До февруари „Сејф Сити“ низ цела држава – Годишно се очекуваат 10 милиони евра од казни во буџетот
