Свет
17. November 2023 - 18:03

Луѓето панично бегаа од трговскиот центар, таванот се рушеше: Драматична снимка во Филипините | ВИДЕО

Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Филипините, а EMSC објави дека е издадено и предупредување за цунами.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 70 километри, а се случил во 16:14 часот по локално време.

Епицентарот на земјотресот бил во морето југоисточно од островот Минданао, но силно бил почувствуван на копно.

На снимките од градот Генерал Сантос објавени на социјалните мрежи се гледа како луѓето во паника врескаат и бегаат од трговски центар.