Свет
29. January 2016 - 11:56

Луд научник: Си пукаше кон себе за да ги докаже законите на физиката

Зошто јунак од холивудските филмови на криминалците кои пукаат на него им бега така што скока во вода, покажува овој луд експеримент кој еден млад физичар го направи со себе.

Андреас Соберг Вал е физичар од еден норвешки институт, кој сакаше на пошироката публика на социјалните мрежи да и покаже што навистина се случува кога куршумот ќе се испали во вода или под вода.

Бидејќи за тоа немаше доброволец, реши експериментот да го направи врз себе.