Лубкиевски: Припадници на „Вагнер“ се обиделе да ги убијат Зеленски и Шмихал
Советник на украинскиот министер за одбрана, Маркијан Лубкиевски, изјави за Си-Ен-Ен дека озлогласената руска воена група „Вагнер“ била вмешана во наводен заговор за атентат врз украинскиот претседател Володимир Зеленски и премиерот Денис Шмихал.
-Тие сакаа да го убијат украинското раководство: нашиот претседател и премиер. Тоа беше целта и неколку од нив беа испратени во Украина без никаков успех, рече Лубкивски, додавајќи дека заговорот го потврдиле украинската разузнавачка служба и специјалните сили задолжени за заштита на Зеленски.
„Сите овие документи и потребни докази ќе бидат презентирани пред Трибуналот“, кажа тој, додавајќи дека не може да открие повеќе од оперативни причини.
Си-Ен-Ен не може независно да ги потврди овие тврдења.
Групата „Вагнер“ прпат се појави во јавноста за време на руската инвазија на источна Украина во 2014 година. Оттогаш, независните истражувања и истраги на Си-Ен-Ен открија дека приватната воена група дејствувала во Сирија и во неколку земји во Африка. Американските власти и претставниците на човековите права ги обвинија за континуирано кршење на човековите права.
Се верува дека групата е поврзана со Евгениј Пригожин, олигарх близок до Кремљ, што е попознат како „готвачот“ на Путин. Кремљ постојано негира какви било врски со групата.
Лубкивски вели дека украинските разузнавачи ја следеле групата внатре и надвор од Украина и дека неколку оперативци на „Вагнер“ се убиени во Украина. Тие се препознаваат по нивните единствени знаци за идентификација.
Ново на Сител
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
-

Денес сончево со локална облачност
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
