-->
-->
ЛШ:Кристианштад го изненади Рајн Некар
-->
Ракометарите на Кристијанштад направија големо изнендување во шестото коло, во Б групата во Лигата на шампионите, откако на домашен терен го совладаа фаворизираниот Рајн Некар Ловен со 32:29 (20:12).
Екипата на Ола Линдгрен во целост го надигра лидерот во Бундеслигата и на крајот заслужено триумфираше. Кристијанштад од почетоко наметна брзо темпо на игра кое Рај Некр не можеше да го испрати, по 20.минути игра домажинот имаше девет голови предност, на полувреме осум, а по 40 минути игра максимални десет голови предност.
Во финишот, во последните пет минути Рајн Некар направи серија од пет гола, се доближи на два разлика, но германскиот тим немаше време за евентуален пресврт.
Џамали со осум, односно Цедерхолм и Толбринг со по шест голови го предводеа шведскиот првак до победата. На спротивната страна Смид постигна осум, а Ду Риц шест голови.
Кристијанштад ја забележа втората победа во Б групата, додека Рајн Некар го заележа вториот пораз, првиот го доживеа од Вардар во Скопје.
Шестото коло во Б групата ќе се комплетира в сабота со натпреварите: Вардар-Кјелце, Барселона-Колдонг и ПИК Сегед-Монпелје.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гаши: Собранието работи на усвојување на законите од реформската агенда
-

Муцунски во посета на Полска – интергацијата на Западен Балкан е „незавршена работа за ЕУ“
-

Граѓанскиот суд повторно го забрани штрајкот на Синдикатот на контролори на летање
-

Војната сериозно го загрозува снабдувањето со вештачки ѓубрива
-

Перински: Инвестиции и поголема финансиска независност на општините
-

Преглед на вестите од светот
-

Централен одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Трајко Славески, гувернер на НБРМ
