-->
-->
ЛШ (жени): ЖРК Вардар без проблеми со Савехоф
-->
Македонскиот женски ракометен првак ЖРК Вардар очекувано стигна до победа над шведскиот тим Савехоф и се проби на третото место на табелата во групата 2 од Лигата на шампионите. Попладнево во СЦ „Јане Сандански“ ракометарките на Вардар се радуваа на триумфот од 37:25 (19:10).
Резултатската равнотежа беше присутна само до 12.минута, кога резултатот последен пат беше изедначен 8:8, а потоа со серија од 6-0 „вардарки“ го најавија вискиот триумф. На полувремето македонскиот првак водеше со 19:10, а во вториот дел и на натпреварот највисоката предност Вардар ја имаше во 50.та минута (32:18).
Најефикасни кај ЖРК Вардар беа: Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ со по 6 голови, додека Јулија Ериксон беше најефикасна со 7 голови.
На вториот натпревар од групата Ѓер го совлада Букурешт со 28:22, а утре се игра дуелот Митјиланд – Будуќност.
Табела: Ѓер 11 бодови, Будуќност 9, ЖРК Вардар 8, Букурешт 7, Митјиланд 5, Савехоф 0.
ЖРК Вардар во следното коло ќе гостуваат на екипата на Букурешт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен