-->
-->
ЛШ: Загреб го совлада Нант (и за Вардар), ПСЖ обезбеди четвртфинале
-->
Во рамките на 12.коло од ракометната Лига на шампионите денеска се одиграа пет натпревари и на сите победија домашните екипи. Секако најважната победа ја постигна хрватскиот првак Загреб кој го победи Нант со 23:22. Овој триумф на Загреб му одговара и на европскиот првак Вардар, кој и по ова коло ќе остане на првата позиција пред одигрувањето на утрешниот дуел со ПИК Сегед на домашен терен.
Јунак на победата на Загреб беше голманот Костелиц, кој во последната минута одбран контра на противникот.
Во рамките на А групата покрај дуелот Загреб - Нант се одигра и натпреварот Барселона - Висла, во кој „каталонците“ постигнаа минимална победа со 28:27.
Вардар е прв на табелата со 18 бодов, Нант 17, Барселона 16, РНЛ 12, ПИК Сегед 11, Кристијанстад, Загреб и Висла по 6.
Во групата Б лидерот ПСЖ со победата над Флензбург денеска со 29:21 го обезбеди првото место и директниот пласман во четвртфиналето. На другите два дуела од оваа група одиграни денеска: Веспрем - Мешков Брест 34:22 и Киелце - Цеље 37:31.
Табела: ПСЖ 22 бода, Веспрем 15, Флензбург 15, Кил 13, Киелце 11, Мешков Брест 8, Алборг 5, Цеље 5.
Утре се играат натпреварите:
Вардар - ПИК Сегеде (почеток 17 часот),
РНЛ - Кристијанстад,
Алборг - Кил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија