Фудбал
9. December 2015 - 8:13

ЛШ: Волфсбург го елиминира Јунајтед

Потрошените милиони во летниот преоден рок не му овозможија на Манчестер Јунајтед да направи некој позначаен резултат во Лигата на шампионите. Јунајтед гостуваше кај Волфсбург и загуби со 3:2, а покрај германскиот тим од Б групата во осминафиналето оди ПСВ Ајндховен кој славеше со пресврт над ЦСКА (2:1). 

Група Б 

Пред почетокот на ова коло три тима имаа реални шанси за пласман во осминафиналето, каде на крајот се пласираа Волфсбург и ПСВ Ајндховен, додека Манчестер Јунајтед ќе мора да се задоволи со Лига Европа. 

Јунајтед водеше против Волфсбург, потоа германскиот вицепрвак направи пресврт за 2:1, вистинска драма се случуваше во последните осум минути, најпрвин Гуилавуги со авто гол го израмни резултатот, но само две минути подоцна Налдо со својот гол му ја донесе победата и првото место на Волфсбург. 

Драматично беше и на Филипс стадионот во Ајндховен, каде домаќинот и ЦСКА калукираа речиси 75 минути, а потоа рускиот шампион стигна до предност со гол од пенал, но ПСВ со два гола до крајот направи пресврт. 

Група Б:

Волфсбург-Манчестер Јунајтед 3:2

(Налдо 13’ Налдо 84’, Виериња 29’-Марсијал 9’, Гуилавуги (аг) 82’ )

ПСВ Ајндховен-ЦСКА 2:1

(Де Јонг 78’, Пропер 85’ – Игнашевич 76’)

Табела: Волсбург 12, ПСВ 10,  Ман.Јунајтед 8, ЦСКА 4