ЛШ: Вечер на пресврти, радост и разочарувања
Четвртото коло на Лигата на шампионите донесе два неверојатни мечеви – Борусија Дортмунд се врати од 0:2 негатива и мизерна игра во првото полувреме против Интер за 3:2 победа, додека во Лондон, Челси губеше со 1:4 од Ајакс, пред по двата црвени картони за гостите, да направи пресврт и да стигне до 4:4 реми.
Во Дортмунд, Борусија почна ужасно слабо, откако Лаутаро Мартинез уште во петтата минута ја продолжи својата голгетерска форма за предност на Интер, пред Матијас Весино во 40-тата минута да донесе 2:0 за „нераѕурите“.
Меѓутоа, потоа на сцена стапи младиот талент од Мароко, Ашраф Хакими. Тој во 51. минута намали на 1:2, а Јулијан Брант 13 минути подоцна донесе израмнување за „милионерите“. Хакими, кој вчера го прослави 21. роденден во 77. минута го комплетираше пресвртот.
Со овој резултат, Интер ќе има многу тешка задача да се пласира понатаму – Барселона е прва со 8 поени, Борусија сега има 7, а Интер само четири поени, а му престојат уште дуелите со Барса дома и со Славија на гости.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости