Ракомет
29. October 2016 - 16:44

ЛШ: Вардарки со прва победа на гости

Ракометарките на Вардар многу потешко од прогнозите и очекувањата славеа против Астраханочка во третиот меч од ЛШ  со 31-26 што е нивна прва победа на гостински терен. 

Македонскиот првак уште од стартот со водство од 5-1 ја најави фаворитската улога но играше со осцилации и дозволи противникот константно да прави притисок особено поради слабата игра во одбраната. Најефикасна во таборот на Вардар беше Пенезиќ со 10 погодоци, а Мавсар постигна 6. Во составот на Астраханочка Сабирова постигна 8, додека Чигиринова запиша 5 погодоци.
 
Во следното коло кое е на програмата на 05 ноември, Вардар ќе го пречека денешниот противник во салата „Јане Сандански“ во терминот од 17-30 часот.