ЛШ: Вардар вечерва против Малме

Македонскиот шампион Вардар денеска го започнува настапот во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите. Вардар, во Шведска, ќе му гостува на Малме.
„Дојдовме тука да направиме добар резултат. Знаеме дека играме против екипа која е добра која секоја година игра во групната фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Моите момци се подготвени да го дадат максимумот, да излезат утре, и се надевам со една наша игра на овој прв меч кој следува, ќе оствариме добар резултат. Знаеме дека стадионот ќе биде полн. Но, ние во своите редови имаме репрезентативци кои што имаат играно натпревари со многу публика, и очекувам сите да дадат се од себе за да оствариме добар резултат. Го респектираме противникот, но шансите постојат и тие шанси кои ќе се укажат ќе мора да ги искористиме и да одиме понатаму. Ова е прв натпревар, и очекувам овој двомеч да биде решен на реваншот во Струмица.“, изјави тренерот на Вардар Гоце Седлоски прес конференција во пресрет на дуелот со шведскиот првак.
Вардар во изминатите две сезони не успеваше да го мине второто квалификациско коло, а во „црвено-црниот“ табор се надеваат дека пропуштеното во претходните две години ќе го надополнат против Малме.
Дуелот на „Сведбанк“ арена ќе започне во 19 часот
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
