-->
-->
ЛШ: Сити го предизвикува Реал
-->

Манчестер Сити и Реал Мадрид, во вторник (20:45), ќе го одиграат првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампионите. На „Етихад“ стадионот ќе се судрат клубовите кои изминатите години на трансфери на фудбалери, заедно потрошиле повеќе од една милијарда евра. Сити е дебитант во оваа фаза, за разлика од Реал за кого ова е 28 полуфинале во ова натпреварување, а во клупските витрини има десет трофеи.
Кун Агуеро, Де Брујне, Давид Силва, Венсан Компани, против Роналдо, Бејл, Бензема, Модриќ гарантираат спектакуларен двомеч за влез во финалето. Педантните статистичари пресметале дека од 2009 година наваму Манчестер Сити на трансфери потрошил 515 милиони евра, а Реал педесетина милиони повеќе, односно 560 милиони евра.
Од играчите кои ќе бидат во составите Сити не платил обештетување само за Бакари Сања и Ихеначо, додека кај Реал таков е случајот со Начо и Хесе.
Реал во понеделникот пристригна во Манчестер, навидум во добро расположение, но тренерот Зидан има главоболки со повредените играчи, односно со двајцата најдобри стрелци.
Роналдо и Бензема, пред поаѓањето за Манчестер не тренирале со тимот. Португалецот работел индивидуално, додека францускиот напаѓач воопшто не се појавил на тренингот.
Сепак најавите од таборот на „кралскиот клуб“ се дека двајцата ќе бидат подготвени за овој важен меч.
Проблеми со повредени играчи има и Пелегрини, тој тимот ќе го составува без клучниот играч во средниот ред, Јаја Туре.
Инаку Пелегрини не открива дали Роналдо ќе добие посебен чувар (Сања или Забалета), но самоуверено изјавил дека знае како да го запре Поругалецот. Роналдо како играч на Јунајтед четири пати играл против Пелегрини и интересно сите мечеви завршиле 0:0.
„Целиот тим мора да одигра на врвно ниво. Секој играч сонува да игра против најдобрите, а Реал е еден од најуспешните тимови во историјата. Доколку не сонувате за вакви натпревари, тогаш не го сакате фудбалот“, изјавил капитенот на Сити, Венсан Компани.
Гостите од Мадрид посакуваат гол во мрежата на Харт, со кој дополнително ќе си ги зголемат шансите за пласман во финалето.
„Најважно е да постигнеме гол. Многу подобро играме на домашен терен и таму објективно имаме поголеми шанси. Доколку останеме непоразени во Манчестер сигурно одиме во финалето“, рекол Герет Бејл.
Реал Мадрид има позитивен скор со англиските тимови, на последните осум мечеви со екипи од Англија, Реал нема пораз (6-2-0). Последен англиски тим кој го елиминирал Реал во Лигата на шампионите бил Ливерпул во сезоната 2008/2009.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Актерството ме научи дека можам да успеам во секоја улога | Марија Јанчевска | Sitel Podcast 145
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција
-

Боко Харам уби 23 војници во Чад
-

Трамп: Иран нема никакви шанси
-

Иран ги обвини САД за убиство на пет цивили во два трговски брода во Ормуската Теснина
-

Сиљановска-Давкова: Да го чуваме македонскиот јазик, да го браниме од негирања, оти без него не сме тие кои сме, ниту ќе останеме свои
-

Во Собранието завршија интервјуата на петте кандидати за член на ДКСК
-

23-годишник од тетовско се сретнал со шест лица за да расчистат недоразбирање, наместо тоа, почнал да пука кон нив
