Loading Video...
Фудбал
29. November 2018 - 17:02

ЛШ: Шест места слободни за пролетната нокаут фаза

Дванаесет  екипи  обезбедија пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите на коло пред крајот од разигрувањето по групи.  Најнеизвесно е во групите Б и Ц каде Ливерпул и Наполи ќе решаваат во директен дуел за второто место во групата.

ПСЖ славеше со 2-1 во дуелот со Ливерпул  со головите на Бернат и Нејмар уште во првиот дел. Единствениот гол гостите го постигнаа од пенал преку Милнер.   Францускиот првак во последното коло гостува во Белград и со победа патува во следната рунда додека Ливерпул ќе мора да го совлада Наполи  пред своите гледачи.

Со минималната победа од 1-0 против директниот ривал Интер  Тотенхем се израмни по бројот на бодови со италијанците и пласманот во нокаут фазата ќе мора да ја бара во каталонската престолнина откако Барселона со триумф од 2-1 во Ајднховен го потврди првото место во групата.

Интер ќе има полесна задача бидејќи во последното коло игра против отпишаниот ПСВ Ајднховен.

Неизвесно е и во Ф-групата каде Шахтјор и Хофенхајм во директен дуел ќе го решат второто место.

Патот во Лигата на шампионите ќе го продолжат Реал Мадрид, Рома, Баерн, Ајакс, Манчестер сити, Лион, Јувентус, Барселона, Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Порто и Шалке.