-->
-->
ЛШ: РНЛ подобар од Кил
-->

Ракометарите на Рајн Некар Ловен остварија победа на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите откако вечерва како гости го совладаа Кил со 25:24 (12:10). Првакот на Германија Рјан Некар Ловен имаше водство во поголемиот дел од натпреварот. Најефикасен на дуелот беше играчот на Кил Никола Билик со 7 голови, додека кај РНЛ Екдал Ду Риц постигна 6 голови без промашување. Дејан Манасков беше во составот на РНЛ на овој натпревар.
Кил настапи ослабен бидејќи поради повреда не играше хрватскиот репрезентативец Домагој Дувњак. Реванш натпреварот се игра на 30.април на теренот на РНЛ.
Во текот на викендот ќе се одиграат другите осминафинални дуели:
Нант – ПСЖ,
Загреб – Веспрем (сабота),
Монпеље – Киелце,
Силкеборг – ПИК Сегед и
Мешков Брест – Флензбург (недела).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
