-->
-->
ЛШ: Реал Мадрид без Бејл во реваншот против Баерн
-->
Европскиот првак Реал Мадрид ќе настапи ослабен на реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите што се игра утре против Баерн бидејќи тренерот Зинедин Зидан нема да може да смета на Герет Бејл. Играчот на Реал се повреди во текот на вториот дел од првиот натпревар што во средата се играше во Минхен.
Велшкиот репрезентативец како што пренесуваат шпанските медиуми би можел да го пропушти и саботниот натпревар од Примера против Барселона поради повредата.
Во текот на оваа сезона Бејл има проблеми со повредите,а одигра досега 25 натпревари во сите натпреварувања и постигна девет голови.
Реал Мадрид во првиот натпревар од четвртфиналето во Минхен го победи Баерн со 2:1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости