-->
-->
ЛШ: Полуфинале за екипите од Мадрид
-->

Двете екипи од Мадрид Реал и Атлетико први обезбедија пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите откако синоќа во реванш четвртфиналните дуели беа поуспешни од ривалите Баерн односно Лестер.
Европскиот првак Реал Мадрид дури по продолжение го елиминита Баерн, бидејќи во регуларните 90 минути беше 2:1 за германскиот шампион со што го изедначи вкупниот резултат (3:3). Во продолжението Реал постигна три голови за победа од 4:2 или вкупен резултат 6:3. Головите за Реал Мадрид ги постигнаа: Кристијано Роналдо во 76.минута, 105.минута и 110.минута и Марко Асенсио во 112.минута. Стрелци за Баерн беа: Роберт Левандовски во 53.минута (пенал) и авгтогол на Серхио Рамос во 78.минута. Баерн натпреварот го заврши со 10 играчи откако во 84.минута беше исклучен Артуро Видал.
Англискиот шампион Лестер не успеа да го елиминира Атлетико Мадрид откако во реваншот беше 1:1 и шпанскиот тим со вкупни 2:1 се пласира во полуфиналето. Гостите поведоа со голот на Саул Нигуез во 26.минута, а изедначи Џејми Варди во 61.минута.
Вечерва се играат реванш четвртфиналните дуели: Барселона – Јувентус (0:3 прв натпревар) и Монако – Борусија Дортмунд (3:2).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Герасимовски: Финансиска поддршка за санација на покриви и лифтови
-

Кос: Во ЕУ има место за сите земји од Западен Балкан
-

Георгиадис: Не постои апсолутно никаков страв од ширење на хантавирусот во Грција
-

Почнува судењето на 13 полицајци за пожарот во „Пулс“
-

Апелациски суд ќе ги разгледува жалбите на пресудата за убиствата на Вања и Панче
-

Трамп: Иранскиот одговор на нашиот предлог е тотално неприфатлив
-

Комисијата за избори и именувања денеска предлогага нов член на ДКСК
-

Вкупно 94 патници досега евакуирани од бродот „Хондиус“ зафатен од смртоносниот хантавирус
