-->
-->
ЛШ: Победи за Баерн и Реал Мадрид
-->

Две убедливи победи остварија Баерн и Реал Мадрид на првите осминафинални дуели од Лигата на шампионите. Баерн на „Минхен Арена“ го совлада Арсенал со 5:1. Головите за Баерн ги постигнаа: Робен во 11.минута, Левандовски во 53.минута, Алкантара во 56 и 63.минута и Милер во 88.минута. Голот за Арсенал го постигна Санчез во 30.минута.
На „Сантијаго Бернабе“ Реал Мадрид го победи Наполи со 3:1, иако гостите поведоа со голот на Исиње во 8.минута. Стрелци за Реал беа: Бензема 18.минута, Крос во 49.минута и Касемиро во 54.минута.
На вчера одиграните дуели: ПСЖ - Барселона 4:0 и Бенфика - Борусија Дортмунд 1:0.
На 21.февруари играат: Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид и Манчестер Сити - Монако, додека следниот ден на програмата се двојките:Порто - Јувентус и Севиља - Лестер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
