-->
-->
ЛШ: Лазаров со 6/6 за еден бод на Нант со РНЛ
-->
Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е најзаслужен за нерешениот резултат на Нант против Рајн Некар Ловен на домашен терен - 26:26. Лазаров вечерва постигна шест голови без промашување, а во финишот беше стрелец на гол за намалување на водството на бундеслигашот на 25:26, за потоа Никола Турно да го изедначи резултатот. Во последниот напад РНЛ не реализираше удар од 7.метри. Голманот на Нант Сирил Думолин го одбрани ударот на Андре Шмит, кој со 8 голови беше најефикасен на натпреварот.
Кај Нант покрај Лазаров 6 голови постигна и Роман Лагарде.
Ова беше првиот натпревар од 3.коло од А групата каде Вардар е прв со 4 бодови, а РНЛ со денешениот бод има 4, додека Нант е трет со 3.
Европскиот првак Вардар дуелот од 3.коло го игра дома во недела (1.октомври) против Загреб, додека Металург е домаќин на Спортинг во сабота (30.септември) во натпревар од Д групата.
Вечерва се одиграа уште два дуела од 3.коло од Лигата на шампионите. Кил го совлада Алборг со 27:26, а Динамо Букурешт беше подобар од Кадетен Шафхаузен со 29:28.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата