-->
-->
ЛШ: Елверум „го преболе“ Металург
-->

Ракометарите на норвешкиот првак Елверум брзо се опоравија по неделниот пораз на домашен терен од македонскиот вицепрвак Металург и синоќа во натпревар од 8.коло од Лигата на шампионите победија на гостувањето кај Чеховски Медведи со 31:26. Натпреварот беше решен во последните седум минути кога гостите од Норвешка имаа серија од 7-2, откако во 53.минута беше 24:24. Најефикасен на дуелот беше Тамаш Иванчук со 9 голови.
Двојки од 8.коло и табели:
А група: Флензбург – Кил 25:26, Кадетен Шафхаузен – Висла (сабота), ПСЖ – Веспрем и Барселона – Силкеборг (недела).
Табела: ПСЖ 12 бодови, Барселона 12, Флензбург 9, Веспрем 8, Кил 8, Висла 5, Силкеборг 4, Кадетен Шафхаузен 0.
Б група: Вардар – Рајн Некар Ловен и Пик Сегед – Кристијанштад (сабота), Килеце – ППД Загреб и Цеље – мешков Брест (недела).
Табела: Вардар 12, Киелце 10, ПИК Сегед 9, РНЛ 9, Мешков Брест 7, Цеље 4, Кристијанштад 3, Загреб 2.
Ц група: Чеховски Медведи – Елверум 26:31, Монпеље – Ла Риоха (сабота) и Металург – Татран Прешов (недела).
Табела: Монпеље 10, Ла Риоха 9, Елверум 7, Чеховски Медведи 6, Татран Прешов 6, Металург 6.
Д група: Мотор – Динамо Букурешт (сабота), Холстебро – Брага и Бешикташ – Нант (недела).
Табела: Нант 11, Мотор 9, Бешикташ 9, Динамо (Б) 6, Брага 4, Холстебро 3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Откажан протестот на вработените во УЈП - добиле допис за дисциплински постапки
-

Договор за автопатот Скопје-Блаце
-

Нема кој да казнува за непочитување на Законот за употреба на македонскиот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Измените на Изборниот законик остануваат блокирани во Собранието
-

Ново судење за Пулс - се читаат пораки од телефонот на газдата на дискотеката, Деко
-

Грант од ЕБОР за изградба на автопатот Скопје-Блаце
-

Неопходна е поголема државна поддршка за спас на земјоделството од климатските промени
