Лов на криумчари на мигранти на автопатот Скопје - Неготино

Вчера на автопатот Скопје-Гевгелија, на делницата од Неготино до Гевгелија, се движеле две патнички возила „Опел Зафира“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки за кои имало сознанија дека превезуваат мигранти.
Полициски службеници дале знак за запирање на возилата, но тие не застанале. Возилото „Опел“ продолжило кон Граничниот премин Богородица и набргу потоа удрило во метален столб. Возачот избегал од местото на настанот, но по преземени мерки и активности во 22.00 часот бил пронајден и лишен од слобода.
Се работи за лицето Е.Ј.(25) од Германија, а со место на живеење во с.Орланци, скопско. На местото биле пронајдени девет лица-мигранти од Иран.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Шест нови мерни станици за следење на квалитетот на воздухот во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
