Лоша судбина: Го прославија полнолетството на синот па загинаа во судар
Полицаецот од Бор Бобан Живковиќ (50) кој со сопругата Александра (49) и мајката Градимирка (76) загина на патот Бор-Зајечар, два дена пред трагедијата го прославил 18. роденден на помладиот син Вељко.
Несреќата се случила кога Живковиќ поради лизгавиот коловоз изгубил контрола над воланот на „хондата“, поминал на левата страна и се судрил со „опел астра“ во која се тешко повредени сопружници и нивиот 4-годишен син.
Утредента по прославата славеникот и неговиот постар брат Ѓорѓе (23) отпатувале со девојките на летување во Бугарија. Родителите радосно ги испратиле, а момчињата отпатувале без да ја насетат трагедијата, велат блиските до семејството и додаваат:
-По Вељко и Ѓорѓе во Бугарија отпатуваа колеги на Бобан од работа. Нивното доаѓање се очекува денеска по што ќе се одреди времето на погребот.
Колешките на настраданата Александра, која била сестра на одделението за неурохирургија, имаат само пофални зборови за неа:
-Александра беше грижлива на работа, коректна колешка, дружељубива. Не можеме да веруваме дека вакво нешто му се случи на ова семејство, велат колешките.
Колегите на Бобан велат дека бил одличен полицаец.
-Беше добар возач и не чуди што ова му се случи нему. Секогаш ги советуваше и опоменуваше другите кога станува збор за возењето, но ете се случи и сам да доживее ваква несреќа, велат колегите.
Ново на Сител
-
Николоски: Нови авиолинии од македонските аеродроми, годината ќе ја завршиме со двоцифрен раст на бројот на патници
-
Три активни пожари до 18 часот, 16 изгаснати
-
Утре седница на Советот за национална безбедност на Србија
-
Фицо ја суспендира воената помош за Украина
-
Пожар избил во возило во движење на патот Валандово - Дојран
-
Грчката полиција на аеродромот во Атина уапси маж кој проголтал 100 пакувања со кокаин
-
Обезбедена компресивна облека за 176 повредени од пожарот во Кочани
-
Почина 21-годишниот Виктор Боневски по тешката битка со болеста