-->
-->
Лоран Блан останува во ПСЖ
-->

Лоран Блан останува на клупата на францускиот шампион Париз Сен Жермен потврди сопственикот на клубот Насер Ал Калифи.
Иако по елиминацијата во четвртфиналето на Лигата на шампионите од Манчестер Сити, француските медиуми зачестено пишуваа за можна смена на Блан од тренерската позиција на ПСЖ, и тоа со Португалецот Жозе Мурињо, сепак делемите ги разреши претседателот на клубот.
- Договорот на Лоран истекува по две години и тој сигурно ќе ја води екипата и наредната сезона. Кога се губи, одговорноста не е само негова, туку и колективна. По обезбедената титула цо првенството, за нас е многу важно што го освоивме и трофејот во Лига купот, бидејќи зад нас беа две тешки седмии. Новиот трофеј ќе ни донесе поголема самодоверба, изјави Ал Калифи, по триумфот на ПСЖ над Лил со 2:1 во финалето на Лига купот.
За Блан кој веќе трета сезона е тренер на ПСЖ, како и неговите избраници останува сезоната да ја заокружат со „хет-трик„ бидејќи тие ќе играат и во финалето на националниот куп на Франција против екипата на Олимпик Марсеј.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
