Свет
17. јуни 2017 - 22:41

Лондонска полиција: Постои можност билансот на загинатите во пожарот во Лондон да изнесува 58 лица

Постои можност билансот на загинатите во пожарот во станбениот блок Гринфел Тауер во Лондон во средата, да изнесува 58 лица, изјавија претставници на Скотланд јард.

- За жал до овој момент 58 лица, за кои ни кажаа дека биле во Гринфел тауер таа ноќ, а чија судбина се уште не е позната, колку и да е тешко, треба да претпоставие дека се мртви, изјави полицискиот началник Стјуарт Кенди. 

Тој нагласи дека таа бројка е направена врз основа на информации од граѓани и оти може да се зголеми.

Кенди додаде дека ќе бидат потребни недели за откривање и идентификување на сите жртви.

Досега властите соопштија за 30 жртви. Кенди нагласи дека оваа бројка е вклучена во новиот биланс на загинати.